ВИДЕО | Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија бакна фудбалерка во уста и се допираше за меѓуножјето

Фото: Screenshot

Фудбалерката Олга Каромона која го постигна единствениот гол на натпреварот беше херој за Шпанија во финалето на Светското првенство во кое играа против Англија. Но, при доделувањето на медалите се слчи момент кој предизвика бурни реакции.

Имено, додека фудбалерките на Шпанија ги добиваа медалите, претседателот на Фудбалскиот сојуз Луис Рубиалес ја бакна во уста Џенифер Хермосо. Потегот секако беше контроверзен, а се огласи и шпанската министерка за еднаквост, Ирена Монтеро која  го обвини Рубиалес за „сксуално насилство“.

„Не прифаќаме дека бакнување без согласност е нешто „се случува“. Тоа е еден вид сексуално насилство кое ние жените го трпиме секојдневно“, порача 35-годишната Монтеро.

Фудбалерката се огласи и се обиде да ги смири реакциите.

„Тоа беше целосно спонтан заеднички гест поради огромната радост и победата на Светското фудбалско првенство. Претседателот и јас имаме одличен однос“, изјави Хермосо.

На социјалните мрежи исто така се прошири и видео на кое Рубиалес се допира за меѓуножјето при прославата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот