ВИДЕО | Познатиот магионичар Дејвид Коперфилд го најави најголемиот проект до сега: Ќе направи да исчезне Месечината

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/David Copperfield

Познатиот магионичар Дејвид Коперфилд најави дека во февруари следната година ќе ја направи најголемата илузија од својата богата кариера. Коперфилд својот проект го најави со видео на социјалните мрежи,  каде вели дека ќе направи да ја снема Месечината.

„Во февруари, по 30 години кариера, ќе ја изведам мојата најголема илузија досега“, додаде тој во објавата.

Во интервју за „Тудеј“ (Today), Коперфилд откри дека долго време работи на проект кој има и хуманитарна цел.

„Потребни беа 30 години работа, буквално 30 години од нашите животи за да го развиеме. Постојат повеќе методи за да биде успешен, а јас работам со Save the Children, неверојатна организација, за да му покажам на светот дека една личност може да направи разликата“, рече тој.

„Ако еден човек може да направи Месечината да исчезне од небото, замислете како заедно можеме да направиме да исчезнат сиромаштијата, гладот ​​и опасноста за нашите деца на Земјата“, додаде тој.

Добро е познато дека магионичарот никогаш не ги открива своите тајни, но Коперфилд откри дека неговите проби за овој неверојатен настан биле успешни: „Добро им оди. Всушност, јас ги тестирав последните неколку месеци и луѓето ме известија дека гледале чудни работи на небото ноќе, низ целата земја. Затоа, ако некој дома види нешто чудно на небото, ве молам известете ме на Инстаграм, Твитер или Фејсбук“.

Ако сакате сами да ја видите илузијата на Месечината како исчезнува во реално време, Коперфилд уверува дека ќе имате шанса: „Ќе имаме натпревар за луѓето да добијат шанса да видат како Месечината исчезнува во живо и лично и ќе откриеме повеќе за тоа во текот на следните неколку месеци. на моите социјални мрежи.”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот