ВИДЕО | Познатиот актер од „Гладијатор 2“ ја искоментира средбата со кралот Чарлс: Јас сум Ирец, тоа не беше…
На премиерата на продолжението на популарниот филм „Гладијатор“ во Лондон се случи неочекувана средба меѓу ирскиот актер Пол Мескал и британскиот крал Чарлс Трети.
Препорачано
Ирскиот актер ја игра главната улога во филмот, а во интервју за „Вараето“ даде искрен коментар за средбата со британскиот монарх.
„Тоа дефинитивно не е нешто што беше на мојата картичка за бинго. Јас сум Ирец – така што навистина не е на приоритетната листа. Беше посебно да се види филмот на Ридли прославен во тој контекст“, рекол тој.
Paul Mescal on meeting King Charles: “I’m Irish, so it’s not on the list of priorities. But it’s an amazing thing for Ridley [Scott] because I know how important that is for him.” pic.twitter.com/AR60LJ0V4Z
— Variety (@Variety) November 19, 2024
Актерот детално ја опиша и атмосферата на премиерата и неговата нервозна подготовка за средба со кралот. Видеото од неговото признание набрзо се прошири на интернет.
Премиерата на филмот привлече бројни познати личности од светот на филмот и забавата, а особено интересна беше интеракцијата помеѓу младиот ирски актер и британскиот монарх.
Дензел Вашингтон за исфрлената сцена со геј бакнежот од „Гладијатор 2“: Го убив пет минути подоцна


