ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти во ЛЕ, Ливерпул со 11:2 ја декласираше Спарта Прага

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Познати се сите учесници во четвртфиналната фаза на Лигата на Европа, тие се Ливерпул, Марсеј, Рома, Бенфика, Вест хем, Аталанта, Милан и Баер Леверкузен.

Жрепката за четвртфиналните парови во ова клупско натпреварување ќе се одржи в петок (15 март) со почеток од 13.00 часот.

Фудбалерите на Ливерпул, како едни од фаворитите за титулата, беше најубедлив во четвртфиналните мечеви, со вкупен резултат 11:2 во двата меча триумфираше против Спарта Прага.

Рома иако загуби на гости кај Брајтон со 1:0, римската „волчица“ оди понатаму благодарение на победата од 4:0 на „Олимпико“.

Милан ја оправда фаворитската улога против Славија Прага (вкупни 7:3), а Вест хем и покрај минималниот пораз во првиот меч против Фрајбург, пред своите навивачи во Лондон со 5:0 го елиминираше германскиот претставник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот