ВИДЕО | Потврдена е втора сезона! Легендарната серија „Squid Game“ ќе добие свое продолжение

squid games 2
Фото: Принтскрин / Instagram

Создавачот на серијата „ Squid Game“ Хуанг Донг-Хјук се огласи со нови вести кои сите нетрпеливо ги очекуваа!

Додека го имаше своето појавување црвен килим, режисерот Донг-Хјук на настанот ја објави веста која целата светска публика се надеваше да ја слушне, потврдувајќи ги шпекулациите за продолжение на најновата хит-серија која го обзеде светот – сепак ќе има втора сезона од „Squid Game“.

„Па, имаше многу притисок, многу голема побарувачка, и многу љубов за втора сезона. Па јас скоро се чувствувам како да не ни оставате друг избор“, изјави Хуанг.

Хуанг, кој ја напиша, создаде и изрежира серијата која никого не остави рамнодушен, не се двоумеше да изјави дека веќе размислува и ја замислува иднината на серијата за новото издание.

„Но, јас би рекол дека дефинитивно ќе има втора сезона. Во мојата глава е во моментов. Во моментов сум во процес на планирање. Но, навистина мислам дека е многу рано да се каже кога и како ќе се случи тоа.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gossip Room (@gossiproomoff)

Додека сè уште е рано за детали за тоа која игра нè очекува следно, добро е да се знае со каква намера ќе ни биде раскажана.

„Но ќе ви го ветам ова: Кога ќе се вратиме, ќе направиме нешто за светот“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот