Фото: Скриншот/Јутјуб

ВИДЕО | Потег за почит: Дац и Александар им запеаја на вработените во кујната на ресторанот каде што настапуваа

Актерот Драган Спасов – Дац и пејачот Александар Митевски се музичко дуо кое уште од 2019 година успешно ја освојува публиката со својата музика. Нивната соработка започна со песната „Цреши охридски“, по што следеше големиот успех на баладата „Уште ми фалиш“. За време на пандемијата со коронавирусот, дуото ја објави и веселата „Корона чао“, а во меѓувреме нивниот репертоар се збогати со уште дваесетина песни кои редовно се пеат на нивните настапи низ Скопје и низ Македонија.

Во саботата, Дац и Александар настапија во познат ресторан во Кавадарци, заедно со пејачката Маја Гроздановска – Панчева. Пред публиката тие приредија музичка вечер исполнета со евергрини и добро расположение.

Особено внимание привлече гестот на дуото за време на настапот. Имено, тие одвоија време да им запеат и на вработените во кујната на ресторанот, кои во тој момент биле на работна смена. На видео објавено на нивниот инстаграм-профил се гледа како Александар Митевски им приоѓа, им пее и лично ги поздравува.

„Кога тие се на смена и имаат работа, ние доаѓаме кај нив да им ја исполниме музичката желба. Поздрав до кујна и целиот колектив на ресторанот“, стои во описот на видеото.

ВИДЕО | Дац и Александар изненадија млад брачен пар: Влетавме на свадба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот