ВИДЕО: Пораз на МЗТ Скопје Аеродром на гостувањето кај Цедевита Олимпија во АБА лигата
Уште еден пораз на МЗТ Скопје Аеродром во пресметките со тимовите од „големата четворка“ на Јадранот, овој пат на гостувањето кај Цедевита Олимпија (73:93).
Препорачано
Крајниот резултат можеби не дава најдобра слика на односот на силите на теренот, со оглед што македонските шампиони беа повеќе од рамноправен противник скоро цело прво полувреме.
Составот на Александар Петровиќ почна со водство од 7:2, а потоа до пред заминувањето на одмор постојано одржуваше резултатска неизвесност и со добра игра му направи проблеми на големиот фаворит.
Словенците со серија тројки во финишот од вториот и почетокот на третиот период направија серија 18:3, со која сериозно се одлепија на 55:39, за набрзо подоцна да ги имаат и највисоките „плус 20“ (66:46). „Сино-белите“ до крајот се бореа машки, неколку пати се приближија и на еден напад до едноцифрена негатива.
Страхиња Миќовиќ со 25 поени и седум скока беше најефикаен во тимот на МЗТ, додека двоцифрен поентерски учинок имаа уште и Војдан Стојановски со 11 и Бре Ајви со 10 поени. Следен противник на „металците“ во АБА лигата е црногорскиот Морнар, натпревар кој ќе се одигра в петок (4 ноември) во СЦ „Јане Сандански“.


