профимедиа

ВИДЕО | Поранешниот потпарол на Мајкл Џексон: Апсолутно верувам дека пејачот е виновен за сексуална злоупотреба на деца

Во новиот документарец за „судењето на векот“ поранешниот потпарол на Мајкл Џексон, Винсент Емен апсолутно верува дека пејачот бил виновен за злоупотреба и сексуална злоупотреба на деца. Имено доколку не сте ги следеле внимателно настаните од животот на покојната поп-ѕвезда Мајкл Џексон, можеби се прашувате, кој е воопшто Винсент Емен?

Имено, во 2005 година, за обвинителите од сојузната држава Калифорнија, Емен важел за клучен сведок на едно од судењата на векот, каде што властите неуспешно се обиделе да го осудат Џексон за сексуално злоупотребување на деца, пренесува „Телеграф“.

Судењето беше повторна прилика светот да се соочи со можноста дека Џексон е педофил, по гласините што кружеле за пејачот уште од осумдесеттите години. Тогаш таблоидите почнале да ги забележуваат неговите пријателства со дечиња актери, како ѕвездата на ситкомот Емануел Луис, а подоцна и со Меколи Калкин од „Сам дома“, со кого Џексон се запознал на почетокот на деведесеттите.

Првите конкретни обвиненија се појавиле во 1993 година, кога тринаесетгодишниот Јордан Чендлер добил исплата од 20 до 30 милиони долари, без признавање вина од страна на Џексон.

Овојпат, сепак, обвиненијата на друго момче, Гевин Арвизо, дошле пред суд и претставувале далеку поголема закана за кариерата и угледот на Џексон. Судењето заврши со ослободителна пресуда. Но, Џексон, се помалку бил присутен во јавноста, оттогаш делувал како „скршен“ човек, без нови оригинални песни, иако во 2008 година беше најавена голема светска турнеја за враќање, на општо изненадување.

Џексон почина од предозирање со лекови на рецепт во јуни 2009, пред да започне турнејата. Се сомнева дека сепак бил убиен, тврдат инспекторите кои работеле на случајот и учествувале во документарниот филм за убиството на поп ѕвездата „Killing Michael Jackson“.

Иако музички беше во опаѓање до 2000-та година, „кралот на попот“ во времето на судењето сè уште беше една од најголемите светски ѕвезди. Се соочи со повеќекратни обвиненија за злоупотребување деца, како и за заговор за киднапирање и незаконско лишување од слобода. Четиримесечното судење заврши во јуни 2005, кога поротата го ослободи од сите обвиненија.

Арвизо имал 15 години кога започнало судењето, но 13 кога се случиле наводните кривични дела. Емен тогаш бил Џексонов потпарол и близок пријател и деловен партнер на неговиот менаџер Френк Кашио.

Кашио сега се бори пред американските судови за да може јавно да ги изнесе своите тврдења за сексуално злоупотребување во детството од страна на Џексон. Тоа би го направило петтото лице блиско до пејачот кое јавно ги објавува истите тврдења, почнувајќи од Чендлер, потоа Арвизо, па Џејмс Сефчак и Вејд Робсон, кои во документарецот „Leaving Neverland“ од 2019 година детално го опишале злоупотребување.

Разговарајќи со Емен (преку видеоповик од САД), тој објаснува дека во новиот четириделен документарец на „Канал 4“, „Michael Jackson: The Trial“, кој почнува на 4 февруари, се фокусира на тие четири месеци од 2005 година.

Емен дава вредни сознанија за Кашио, човекот кој го вовел во животот на Џексон, и раскажува за моментот кога неговите сомнежи станале неизбежни, кога нашол списание кое, како што изгледало, го поврзувало Џексон со интерес кон малолетници. Со тоа се соочил Кашио, кој претходно го уверувал дека во гласините нема вистина, а подоцна го сменил ставот.

„Од она што сега го знам“, вели Емен, „жртвите на сексуално злоупотребување ја откриваат вистината дел по дел, низ годините“.

ФОТО | Валкан чорап на Мајкл Џексон украсен со кристали е продаден за 6.200 евра во Франција

Поранешниот телохранител на Мајкл Џексон откри шокантни детали: „Беше страшно она што ни се случуваше“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот