Fonthill Media / mediadrumworld. / Media Drum World / Profimedia

ВИДЕО | Поранешниот готвач на принцезата Дајана го откри рецептот за нејзиното омилено јадење

Поранешниот готвач на принцезата Дајана, Дарен Мекгрејди на социјалните мрежи откри дека принцезата обожавала лосос и го сподели рецептот за нејзиното омилено јадење со лосос.

Според видеото кое го сподели Мекгрејди на Јутјуб, таа обожавала лосос печен во тава со макадамски ореви, коријандер и кора од лимета, а послужено со динстан зеленчук и благо зачинет мајонез од шрирача.

– Толку многу го сакаше лососот што го јадеше три пати неделно и ми било тешко постојано да смислувам различни јадења, за секогаш да сервирам само лосос на скара – објасни тој во видеото, додавајќи дека овој рецепт за лосос бил еден од нејзините омилени.

Како се подготвува

За да го подготвите ова јадење, загрејте ја рерната на 180 °C. Во меѓувреме, ставете една лажица маслиново масло во тава, зачинете четири измиени филети од лосос со сол и црн пипер и ставете ги во тавата. Печете додека не добијат златна боја. Потоа, во блендер, измиксирајте ги макадамските ореви, коријандерот, стопениот несолен путер, панко презлата (можете да користите и обична), жолчката од јајце, кората и сокот од лимета, солта и црниот пипер за да ја направите смесата за кора. Ставете четвртина од смесата врз секое филе и добро притиснете. Ставете ги подготвените филети во рерна и печете 10 минути, додека кората не почне да добива кафеавкаста боја. Додека се пече лососот, пропржете малку црвен кромид и црвена пиперка, додадете малку мед и прелијте со многу свеж сок од портокал и гответе додека течноста не се намали. Ставете ја смесата од кромид и пиперки на чинии и ставете ги филетите од лосос врз неа. Сервирајте топло со малку мајонез од шрирача и малку зелена салата.

Протеините се едни од клучните и витални хранливи материи за човечкото тело. Тие ги градат, ги обновуваат и ги одржуваат ткивата како што се мускулите, кожата и органите. Покрај тоа, тие го поддржуваат производството на ензими, хормони и антитела, што е од суштинско значење за имунитетот и правилното функционирање на органите воопшто. Исто така помагаат во зголемувањето на силата и контролата на телесната тежина, обезбедувајќи подолготрајно чувство на ситост, а исто така го поддржуваат и здравото стареење бидејќи го спречуваат губењето на мускулната маса. Веројатно ова се причините зошто дури и принцезата Дајана обрнувала големо внимание на соодветниот внес на протеини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот