ВИДЕО | Поранешната девојка на Зејн Малик: „Мислев дека е нормално да се биде во токсична врска“
Поранешната членка на популарната женска група „Литл Микс“, Пери Едвардс, отворено проговори за својата поранешна врска со пејачот Зејн Малик, некогашен член на групата „Уан Дајрекшн“.
Препорачано
Тие беа во врска од 2011 до 2015 година, а пејачката откри дека тој бил нејзина прва љубов. Но, времето кое го минала со него, вели, силно влијаело врз нејзиниот поглед на љубовните односи.
„Мислев дека сè што се случува во таа врска е нормално, бидејќи тоа ми беше прва љубов. Помислив: ‘Така треба да изгледа врската. Треба да биде малку токсично. Тоа е нормално, нели?’“, искрено изјави Едвардс.

По раскинувањето сфатила низ што навистина поминала и решила дека никогаш повеќе нема да дозволи да доживее слично искуство.
„Се сеќавам дека си реков: ‘Засекогаш завршив со мажите’“, додава таа.
Иако долго време била разочарана и не сакала да започне нова врска, во 2016 година го запознала својот сегашен свршеник, фудбалерот Алекс Окслејд Чембрлен. Сепак, таа призна дека траумата од претходното искуство оставила белег и во почетокот на нивната романса.
„Имав многу проблеми на почетокот, но сега кога размислувам наназад, сфаќам дека тоа било последица на нешто што не било здраво. Алекс реагираше мирно и смирено во ситуации што мене ми изгледаа тешки и тоа ме збунуваше“, објасни пејачката.

Со новиот партнер, во 2021 година го доби синот Аксел, но пред и по неговото раѓање доживеала две големи трагедии – два спонтани абортуси.
„Аксел е мое ‘виножито бебе’. Првиот пат кога дознав дека сум бремена, наскоро почнав да крварам и во болница ми рекоа: ‘Нема бебе.’ Бев сама на тие прегледи и тоа беше ужасно“, се присети Пери.
Втората загуба се случила една година по раѓањето на Аксел, во 24. недела од бременоста.
„Тоа беше ужасно искуство. Кога си во таа фаза, веќе ја планираш детската соба и сите детали, а потоа остануваш без ништо. Болката е неизмерна. Луѓето ме прашуваа: ‘Како е стомачето?’, а јас морав да одговорам: ‘Го нема’“, со тага раскажа пејачката.


