Фото: Inter Miami FC

ВИДЕО: Поранешен фудбалер на Реал Мадрид ќе игра со Меси во Интер Мајами

Фудбалерот кој ги направи првите професионални чекори во Реал Мадрид, Серхио Регулион, од денеска и официјално е нов член на Интер Мајами, каде што пристигнува како слободен агент, без исплатена отштета.

Шпанскиот лев бек потпиша договор со американскиот клуб со важност до декември 2027 година, со вклучена опција соработката да биде продолжена за уште една сезона.

„Ова е многу амбициозен проект, клуб кој сака да победува и поради тоа одлучив да дојдам тука. Мојата цел е да продолжам да победувам и да се борам за трофеите заедно со тимот“, изјави Регулион.

Во текот на кариерата, Регулион, покрај Реал Мадрид, настапуваше и за Севиља, Тотенхем, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед и Брентфорд, стекнувајќи богато меѓународно искуство.

За репрезентацијата на Шпанија има запишано шест настапи, а беше дел и од националниот тим на Светското првенство во 2021 година.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот