Фото: Принтскрин/Социјални мрежи

ВИДЕО | Поплави во Лесковац, снег на Копаоник – хаотичен почеток на ноември

Јужна Србија денес се соочува со нов бран поплави, предизвикан од циклон кој донесе десетици литри дожд на квадратен метар. Според метеоролозите од „Хаилц Србија“, серија циклони во изминатиот месец веќе предизвикале голема количина врнежи во овој регион, а сегашниот само ја влоши состојбата.

Најпогодена е територијата на Лесковац, каде што обилните врнежи предизвикаа излевање на дел од локалните водотеци. Центарот на циклонот моментално се наоѓа западно од Србија, но зоната на врнежи, според прогнозите, ќе се регенерира до крајот на денот и повторно ќе го зафати истиот појас што беше погоден претходната ноќ и претпладне.

Во изолирани и најдождливи подрачја, количината на акумулиран дожд може да достигне и до 100 литри на квадратен метар, соопшти Инстаграм профилот „hailz_srbija“.

Како и на почетокот на минатиот месец, кога беше забележана рекордно ниска снежна покривка за октомври, така и ноември започна со снег на Копаоник. Метеоролошките најави предупредуваат дека во наредниот период се можни снежни врнежи и на други планински подрачја, но почетокот на скијачката сезона во српските центри официјално ќе стартува дури на 4 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот