ВИДЕО | Погледнете го киднапирањето на српски бизнисмен во Украина

Исчезнувањето на Милован Рогановиќ во Украина го пријавил неговиот пријател, истакнувајќи дека тој не одговарал на телефон долго време, а полицијата открила дека тој бил киднапиран на 7 јуни. Сега, украинските портали објавија видео од непријатниот настан.

На социјалната мрежа Јутјуб се појави видео на кое наводно се гледа како српскиот бизнисмен Милован Рогановиќ како користи телефон на улица. Сосема незабележливо, му приоѓа црн автомобил, од кој излегуваат двајца мажи. Го опколиле, го фатиле и го турнале во автомобил и се оддалечиле во непознат правец.

Како што претходно објавија медиумите, киднапирањето го организирала неговата сопруга, бидејќи тој сакал да се разведе од неа, но таа сакала да го осигури имотот, па направила план со нејзиниот брат.

Украинскиот портал „Киев оператив“ пренесува дека пријателот на Рогановиќ го пријавил киднапирањето, велејќи дека тој не бил таму веќе некое време. Полицијата тогаш утврдила дека станува збор за Милован Рогановиќ, сопственик на компанијата „Делта Спорт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот