Ви-Џеј Еџкомб/EPA/ALI HAIDER SHUTTERSTOCK OUT

ВИДЕО | Почна ол-стар викендот во НБА: Ви-Џеј Еџкомб херој за тимот на Винс Картер

Тим Винс, предводен од легендарниот Винс Картер како почесен тренер, го освои натпреварот на„Ѕвезди во подем“ во рамки на НБА Ол-стар викендот 2026 по драматична завршница и минимална победа над Тим Мело со 25:24.

Натпреварот се играше по специфичен формат, две полуфиналиња до 40 поени, а финале до 25 и победува тимот кој прв ќе стигне до тој број на поени.

Три екипи составени од најдобрите рукија и второгодишни играчи од НБА, плус еден тим од Развојната лига, се бореа за трофејот, а на крајот славеше Тим Винс, благодарение на мирната рака на младиот Ви-Џеј Еџкомб. Кошаркарот на Филаделфија при резултат 24:23 ја презеде одговорноста и реализираше две слободни фрлања за конечни 25:24.

Еџкомб беше прогласен за МВП на турнирот, откако во полуфиналето постигна 17 поени, а во финалето додаде уште шест.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот