Гласачко место ОУ.„Коле Неделковски“ во Центар / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

ВИДЕО | Починати граѓани се во Избирачкиот список – трауми за нивните семејства

Во повеќе наврати на социјалните мрежи и преку медиумите, граѓани алармираат дека починати членови на нивните семејства се во Избирачкиот список за денешното гласање на локалните избори. Дел од нив се децидни дека кога биле да гласаат и кога во списокот на гласачи го виделе своето име, под нив биле и нивни починати родители кои ги виделе со слика, име и презиме. Вакви трауматични искуства и вознемиреност на социјалните мрежи искажаа и новинари кои што виделе свои блиски кои се починати во 2021 година дека фигурираат на избирачкиот список.

За истиот проблем известува и новинарот Фуркан Салиу, кој во прилог тврди дека во избирачко место во Чаир имало два конкретни случаи во основното училиште „Иднина“ каде на избирачкиот список се наоѓале лица кои починале пред 2 години.

Салиу вели дека смртните случаи за кои алармираат семејствата се пред времето на ажурирањето на избирачкиот список.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот