ВИДЕО | Победата над Каљари го враќа Милан на врвот во Серија А
Фудбалерите на Милан го совладаа тимот на Каљари со 1:0 на гостински терен во 18 коло од Серија А. Играчите на Макс Алегри, со големи тешкотии, ја оправдаа улогата на фаворит и успеаја барем привремено да се вратат на врвот на табелата со вечерашниот триумф.
Препорачано
И тоа на препознатливиот начин на Алегри – со минимална победа и без примен гол. Видовме малку во Сардинија во текот на првите 45 минути, само еден обид на домашниот тим кога Палестра шутираше покрај голот.
Почетокот на вториот дел од играта беше обележан со детаљ што го промени натпреварот, се играше 50 минута кога Адриен Рабио се проби по десната страна и му асистираше на Рафаел Леао, а Португалецот ја протна топката зад грбот на Каприле.
Како што е веќе познато, „росонерите“ оваа зима го засили нападот со Никлас Филкруг од Вест хем, кој влезе во игра и дебитираше вечерва, но тоа не го промени ритамот на играта.
По денешната победа, Милан го презема првото место на табелата во италијанскиот шампионат со 38 бода, два повеќе од Интер, кој има натпревар помалку, додека Каљари е на 14 позиција со 18 бода.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
5час
-
5час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


