ВИДЕО | ПМГ колектив и Принцес Донатсу ги споија силите: Слушнете како звучи синглот „Принцеза“

Скопскиот бенд „ПМГ Колектив“ речиси 20-ина години е еден од главните двигатели на музичката сцена кај нас. Патот кон зрелоста бендот го градеше во повеќе фази и различни постави со мноштво музички изданија зад себе.

Константа во опстојувањето на бендот е креативната соработка на пријатели, уметници, претприемачи и музичари кои функционираат на иста фреквенција следејќи ги актуелните текови на новите тенденции. Обично велат дека тоа е процес што одамна е продукт, но постојано еволуира и резултира. Најновиот резултат од таа возбудлива интеракција е албумот со наслов „Fraternité“ (Братство).

Нов албум: Зрело остварување на „ПМГ Колектив“

Но, освен новиот албум, деновиве излезе и синглот „Принцеза“, на кој се потпишуваат ПМГ и Prince$$ Donatsu и е нивна прва заедничка соработка. 

Слушнете како звучи:

ПМГЏЕЗ со три концерти во живо на македонска џез музика и современа класика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот