ВИДЕО | Пламен во Тирана: Демонстранти фрлаа молотови коктели кон Владата и се судрија со полицијата
Опозициската Демократската партија на Сали Бериша вчера повика на национален протест во она што го нарекува почеток на бран протести сè додека не се постигнат целите, а тоа е отстранување на Еди Рама од раководството на владата по големите корупциски скандали што кулминираа со барањето на Специјалното обвинителство до албанскиот парламент да му го одземе имунитетот и да даде овластување за апсење на вицепремиерката Белинда Балуку, објави Ора њуз.
Препорачано
Демонстрантите фрлаа молотови коктели кон кабинетот на премиерот веднаш по говорот на лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, додека полицијата се чини дека остана малку помирна отколку во минатото.
-Албанците стојат на историската мисија да го отстранат Еди Рама, да ја спасат Албанија, да ја спасат демократијата, да го спасат албанското семејство. Затоа сме денес тука, убеден сум дека со право, а не неправедно, има граѓани тука на плоштадот, има и други кои нè следат, кои кажуваат што ќе прават овие луѓе… И знајте добро дека кога излеговме со оваа посветеност, никогаш не губиме, победувавме, победуваме, ќе победуваме. Неколку крадци никогаш не можат да нè згазат. Неколку крадци и шверцери на дрога никогаш не можат да го згазат нашето достоинство, нашата иднина, да ја оцрнат Албанија или да нè избркаат од Албанија. Не, никогаш – рече Бериша, по што се вжешти атмосферата пред кабинетот на Рама.
Политичката тензија ескалира во Албанија во последните недели, бидејќи вицепремиерката е вмешана во корупциски скандал во кој се вклучени неколку функционери и приватни компании. Белинда Балуку е обвинета за злоупотреба на јавни средства во корист на одредени компании во големи инфраструктурни проекти.
Во говорот пред парламентот минатиот месец, 52-годишната вицепремиерка на Албанија зборуваше за „клевета“ и „лаги“, уверувајќи дека целосно ќе соработува со судството за да се осигури дека вистината ќе излезе на виделина.
Специјалното обвинителство одговорно за борба против корупцијата и организиран криминал пред неколку дена побара од парламентот да го укине имунитетот на Балуку. Досега не е закажано гласање во албанскиот парламент, каде што владејачката партија на Рама има мнозинство.
ВИДЕО | Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели
Thousands of citizens, called by the opposition, protested in #Tirana, #Albania. They demanded the resignation of Prime Minister #EdiRama. pic.twitter.com/F62lZWDr2F
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) December 22, 2025
За време на вчерашната опсада на кабинетот на премиерот, специјалните сили на албанската полиција формираа безбедносен кордон околу зградата на владата, но не ги потиснаа демонстрантите.
NEW: Opposition protests in Tirana turned violent tonight as Molotov cocktails were thrown at the Albanian government headquarters. Demonstrators, led by former PM Sali Berisha, demand the resignation of Prime Minister Edi Rama following major anti-corruption investigations. pic.twitter.com/YWiKzWqb7I
— GeoInsider (@InsiderGeo) December 22, 2025
„Доста толериравме, бидејќи беа украдени десетици или стотици милиони евра, а (Балуку) не поднесува оставка. Срамно е“, рече еден од демонстрантите, Арбен Суло.
Како министерка за инфраструктура и енергетика од 2019 година, Белинда Балуку управуваше со стотици милиони евра средства за јавни работи.


