Опозицијата запали факели во албанскиот парламент/Фото:Adnan Beci / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Хаос во албанскиот парламент, пратениците запалија факели

Опозициските пратеници се судрија со полицијата во албанскиот парламент денеска по неколкунеделните тензии околу обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку и други функционери во владата на премиерот Еди Рама, објави Еуроњуз Албанија.

Пратениците запалија факели, фрлаа вода врз претседателот на парламентот и седнаа на местата резервирани за владини министри во обид да ја прекинат седницата пред полицијата да интервенира.

„Не може да има парламент со оние што крадат и тепаат“, рече Сали Бериша, лидер на опозициската Демократска партија. „Законот и само законот мора да преовлада “, рече тој.

Пратениците од опозицијата бараат да се види официјално обвинение за обвиненијата против вицепремиерката Белинда Балуку.

Специјалното обвинителство, задолжено за борба против корупцијата и организираниот криминал, побара од парламентот да го одобри апсењето на Балуку, а се очекува парламентот, каде што владејачката партија на Рама има мнозинство, да гласа за барањето утре, во петок.

Балуку, која беше и министерка за инфраструктура и енергетика и е најблизок сојузник на Рама во кабинетот, се тврди дека била вклучена во коруптивни практики насочени кон фаворизирање на компании одговорни за големи инфраструктурни проекти, вклучувајќи тунел и кружниот пат во главниот град Тирана.

Во говорот пред парламентот минатиот месец, таа ги нарече обвинувањата „клевета, инсинуации, полувистини и лаги“ и рече дека целосно ќе соработува со судството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот