ВИДЕО: Петарда на Сити, убедлив триумф на Спортинг во Истанбул

Рутинска победа на Манчестер сити/ фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Фудбалерите на Манчестер сити и на Спортинг Лисабон остварија убедливи победи на гостувањата кај Бриж, односно Бешикташ во третото коло од Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ очекувано ја оправдаа улогата на голем фаворит и со убедливи 1:5 го совладаа Бриж, додека португалскиот шампион славеше во Истанбул со 1:4.

Сити го отвори резултатот во 30. минута кога Кансело погоди, а во финишот од првиот дел Ријад Марез со прецизен удар од пенал зголеми на 0:2.

На стартот од вториот дел, Кајл Вокер зголеми на 0:3, а младиот Палмер во 67. минута зголеми и на 0:4. Единствено што успеа Бриж да направи против Манчестер сити беше да постигне почесен гол преку Ванакен во 81. минута. Конечниот резултат го постави Марез на шест минути пред крајот на натпреварот.

Екипата на Спортинг Лисабон на убедлив начин дојде до првите бодови во ЛШ, славејќи со 1:4 против Бешикташ и тоа како гостин.

Спортинг поведе со голот на Коатес, но Бешикташ во 24 минута израмни на 1:1 во интересното прво полувреме. Но, тоа на беше крај на возбудувањата во првиот дел бидејќи Спортинг постигна два гола преку Коатес и Сарабија, додека на Бешикташ му беше поништен гол поради офсајд.
Во вториот дел, победата на португалскиот тим ја завери Паулињо со голот во 89 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот