ВИДЕО | Песни, аплаузи и еуфорија во партиските штабови

Возбудлива изборна ноќ во Скопје – песни, аплаузи и возбуда во штабовите на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и СДСМ, додека партиите ги очекуваат првите резултати.

По затворањето на избирачките места, атмосферата во штабовите на политичките партии низ Скопје е полна со енергија, исчекување и емоции.

Во штабот на ВМРО-ДПМНЕ се собираат поддржувачи, а на големиот видео-бим се прикажуваат снимки од предизборните спотови на партијата.

Од звучниците одекнуваат патриотски песни, луѓето се поздравуваат, се фотографираат и со возбуда ги следат првите информации за одѕивот.

Фото: Слободен печат

Весело е и во штабот на движењето Вреди, каде што кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, беше пречекан со громогласни аплаузи и со еуфорични извици. Поддржувачите со знамиња и транспаренти го поздравуваат неговото пристигнување, а музиката и навивачките повици придонесуваат за вистинска прослава на изборната вечер.

И во штабот на СДСМ на Бихаќка се собираат членови и симпатизери. Расположението е внимателно, но полека расте, додека сите ги очекуваат првите неофицијални резултати.

Поддржувачи се собираат и во главниот штаб на Левица во Скопје.

Во текот на вечерта се очекува партиите да се обратат со првични изјави и проценки за изборниот резултат, откако ќе пристигнат првите официјални податоци од Државната изборна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот