Instagram

ВИДЕО | Песната што ја одбележа кариерата на Габи Новак, а ја напишаа Кемал Монтено и Арсен Дедиќ, стана симбол на нежната сила и префинетата емоција што таа ја носеше

Низ децениите, песната „Памтим само сретне дане“ стана неизоставен дел од музичката историја на овие простори, а воедно и симбол на нежната сила и префинетата емоција што ја носи Габи Новак.

Песната ја напишале двајца великани – Кемал Монтено и Арсен Дедиќ, а е создадена, како што е откриено подоцна, речиси случајно во интимна, домашна атмосфера.

– Таа песна настана случајно – се присети во една прилика Кемал Монтено.

Потоа раскажа како се родила идејата за песната и нејзиниот текст.

– Дојдов кај Арсен, а во тоа време кај него не смееше да се пуши. Тој веднаш ќе речеше: „Габи, отвори го прозорецот! Еве го Кемо!“ А Габи едвај чека да дојдам, бидејќи и таа пуши, а не смее од него – се присети Монетено.

Арсен, познат по своите навики, рекол дека ќе прилегне, оставајќи ги Габи и Кемал сами во дневната соба.

– Габи ми стави кафе, а Арсен ми дофрли: „Погледни го овој текст.“ Јас ја зедов гитарата, Габи, јас, кафето и цигарата – и додека Арсен спиеше, ние направивме музика – рече музичарот.

Така, во таа едноставна и топла атмосфера, родена е песна што ќе стане безвременска. Гласот на Габи Новак ѝ даде душа, а текстот и мелодијата се преточија во чувство што дури и денес, години подоцна, евоцира спомени, солзи и насмевки.

„Памтим само сретне дане“ не е само песна – тоа е емотивен запис за една ера, љубов, пријателство и уметност во нивната најчиста форма. И најмногу од сè – тоа е песна на Габи Новак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by naj_portal (@najportal)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот