ВИДЕО | „Пензионирање на 68 години – Не“: Протест на Чесите по најавените пензиски реформи

Неколку илјади Чеси денеска протестираа пред Влада поради најавената реформа на пензискиот систем, при што се предвидува пензионирање на 68 години.
„Пензионирање на 68 години – НЕ. Оставка на владата на Фијала – ДА“ пишуваше на еден од транспарентите што работниците и синдикалните активисти од различни делови на Чешка денеска го донесоа пред Владата.
„Ги повикавме и владините претставници, но тие се плашат од нас, не сакаат да ја слушнат вистината. Дојдовме денеска да им кажеме како живеат луѓето и што мислиме за нивните чекори. Владата навистина не се грижи за социјалниот дијалог. Министрите не доаѓаат на трилатерални состаноци и само пуштаат пробни балони за реформи“, изјави Роман Ѓурчо, претседател на синдикатот КОВО, кој го организираше протестот.
Демонстрантите им рекоа на новинарите на чешките медиуми дека предлогот да се пензионираат на 68 години најмногу им пречи во реформата.
„Кога дознавме за пензионирањето на 68 години, не можевме да веруваме. Во некои професии во Škoda не можете да работите до 60 години. И немаме помалку физички тешки работни места за тие луѓе. Во овој момент луѓето ги претвораме во социјални јадници“, им порача на насобраните демонстранти првиот човек на синдикатот во фабриката за автомобили „Шкода“, Јарослав Повшик.
Инаку судирите на демонстрантите со француската полиција денеска ги нарушија протестите за пензиските реформи во Париз, , иако демонстрациите беа потивки од претходните денови, јавува АФП.
Луѓе, некои облечени во црно и маскирани, ограбувале бизниси, палеле корпи за отпадоци и фрлале проектили кон полицијата.
Немирите беа предизвикани од претседателот Емануел Макрон кој ги протурка плановите за зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години – без одобрение од парламентот.
Реформите се длабоко непопуларни, при што многумина тврдат дека тие несразмерно ќе влијаат на жените и на посиромашните работници, иако владата рече дека се потребни промени за да се направи системот одржлив.
ВИДЕО: Макрон пак ги разгневи Французите, кришум го извади скапоцениот часовник во живо на ТВ