ВИДЕО: Макрон пак ги разгневи Французите, кришум го извади скапоцениот часовник во живо на ТВ

Фото: Твитер/принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон повторно предизвика гнев во јавноста, откако за време на телевизиска дебата, кришум под масата го извади скапоцениот часовник вредн 80.000 евра, додека зборуваше за минималната плата за работниците во земјата.

Снимка од скандалозниот потег на францускиот претседател се појави на интернет, а тоа уште повеќе го зголеми бесот во француската јавност. Многу симпатизери на LFI, левата популистичка партија предводена од најгласниот противник на францускиот претседател Жан-Лук Меланшон, го споделија видеото на кое се гледа како Макрон го носи часовникот „Бел и Рос“ на почетокот на интервјуто, но подоцна го нема на неговата рака.

Во коментарите, граѓаните го обвинуваат Макрон дека го извадил часовникот од 80.000 евра за време на интервјуто, за да покаже дека не е богаташ отсечен од реалноста.

По реакциите, се огласи Кабинетот на Макрон, со поинаква верзија на приказната. Елисејската палата тврди дека претседателот го симнал часовникот „од технички причини“, откако бил предупреден дека тропал со него по масата и правел бучава која пречела на телевизискиот пренос. Целото интервју е објавено на Јутјуб, а во видеото може да се слушне моментот кога часовникот удира на масата. Но, вревата се слуша кога Макрон зборува за протестите во Франција. Во продолжение може да се види дека Макрон всушност го вади часовникот од под масата. Кабинетот на Макрон наведува и дека споменатиот модел на часовник веќе неколку години не вредел 80.000 евра, туку „само“ 2.400 евра или помалку.

Моделот на часовникот што Макрон го носи на зглобот е персонализиран со грбот на францускиот претседател, што значи дека би можел да достигне многукратно повисока цена на пазарот, доколку претседателот одлучи да го продаде.

„Претседателот веќе го носел часовникот на други јавни настани, како што е финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар и државната посета на Вашингтон минатиот декември“, соопштија од Елисејската палата.

Пензиската реформа што се обидува да ја „протурка“ власта на Макрон деновиве предизвика негодување кај Французите, кои со денови протестираат на улиците низ земјата, а демонстрациите станаа многу насилни и жестоки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот