ВИДЕО | Пензионер влетал со своето Ферари во дуќан полн со клиенти: „Мислевме дека е бомба!“

Ферари се удри во излог во Андора/ Фото Twitter

Празничното расположение на улиците на Андора, малата мирна земја сместена на Пиринеите меѓу Франција и Шпанија, го наруши еден необичен настан кој ги шокираше божиќните купувачи.

Имено, во парохијата Sant Julià de Lòria, среде бел ден, црвено Ferrari 512 TR на ужас на сите удрило во еден од уличните прозорци. Возилото го управувал 82-годишен пензионер.

Локалните медиуми јавуваат дека италијанското возило со голема брзина поминувало покрај трговскиот центар, удрило во бариерата на патот, преминало неколку ленти и се удрило во големиот излог. Се верува дека брзината била главен фактор за несреќата, а во тек е полициска истрага.

 

Според првични информации, наводно возачот имал потрес на мозокот, а тој веднаш по ударот е пренесен во локалната болница.

Црвеното Ферари претрпе голема штета со целосно уништен преден дел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот