ВИДЕО: Пелистер загуби од Широки Бријег во АБА2 лигата

Прв пораз на битолски Пелистер во АБА2 лигата/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Денеска во својот трет натпревар кошаркарите на Пелистер пред мечот можеби ја имаа фаворитската улога против Широки Бријег со оглед на тоа што битолчани славеа во првите два натпревари оваа сезона во АБА2 лигата. Но, Босанците кои пак стартуваа со два порази во натпреварувањето, дојдоа до победата славејќи со 83:73.

Иако водеше македонскиот претставник по првото полувреме (40:38), следуваше пресврт на противникот добивајќи ги третата и последната четвртина со 22:18 и 23:15.

Битолчани имаа сосема добро отворање на натпреварот. За нешто повеќе од пет минути имаа двојно повисоки (16:8). Но, во оној втор дел од четвртината не успеаја и да ги задржат во целост. Имаа „само“ 25:22, откако погоди Мустафица.

Во втората четвртина, Широки успеа да направи и резултатски пресврт. Да поведе со 36:33, но не и нешто повеќе од таа разлика. До истекот на првото полувреме битолчани најдоа начини да го вратат водството, макар истото било и минимално (40:38).

Во продолжението, Широки беше екипата која се стекна со повисока разлика. И тоа од осум поени (60:52) како што беше во 29 минута. Пелистер се врати, за кратко време, намалија битолчани на достижни 58:60 на истекот на тој дел од играта.

А во одлучувачката четвртина не се снајдоа баш најдобро. Никако не успеваа да направат уште една промена во водството. За Пелистер доминираше Босанецот Хаџифејзовиќ с0 20 поени, од друга страна Широки го имаше одличниот Брзоја (27 поени), кој го имаше на сите делови од теренот, и беше вистинска напаѓачка енигма за „зелено-белите“ кои го запишаа првиот неуспех во три одиграни мечеви од новата сезона во АБА 2 конкуренцијата.

На табелата Пелистер е на шестото место со пет бодови, додека Широки Бријег е на деветтата позиција со четири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот