ВИДЕО | Педро Паскал пијан на сцената на доделувањето на наградите САГ: Правам будала од себе

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

На 25 февруари се одржа 30. доделување на филмските награди на Здружението на филмските актери – САГ, на кое беа доделени признанија за одличноста на професионалците од филмската и телевизиската индустрија. Свечената церемонија се одржа во салата „Шрајн аудиториум“ во Лос Анџелес, САД.

Меѓу наградените беше и Педро Паскал, актерот кој ги освои срцата на многу дами ширум светот. Тој ја доби престижната награда за извонредна машка улога во серијата „Последниот од нас“.

Педро се качи на сцената да ја прими награда и направи шоу откако призна дека е пијан. Имено, тој не очекувал дека ќе победи, па се опуштил и испил текила пред да се појави на сцената.

„Ова не е во ред поради повеќе причини. Малку сум пијан, мислев дека можам да се напијам. Правам будала од себе, но ви благодарам многу за ова! Во синдикатот сум од 1999 година , така што ова е неверојатна чест. Им благодариме на номинираните, на сите вас. Не можам да се сетам на ниту едно име во моментов“, рекол тој и се насмевнал.

Тој се заблагодари на своето семејство и додаде: „Ќе доживеам напад на паника, мора да заминам“.

Откако се симнал од сцената, Педро му рекол на Тан Франс дека не се сеќава што рекол и дека ќе се гледа себеси на Јутјуб.

Инаку, „Последниот од нас“ е американска пост-апокалиптична драма телевизиска серија базирана на истоимената видео игра од 2013 година. Серијата беше најавена во март 2020 година, а дејството се случува 20 години по уништувањето на модерната цивилизација.

ФОТО | Доделени наградите САГ: „Опенхајмер“ – најголем победник на вечерта

ВИДЕО | Со емотивен говор познатата актерка му оддаде почест на Метју Пери на наградите САГ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот