Ивана Печалева Брдаровска претседател на асоцијацијата „Хероини на туризмот“
Ивана Печалева Брдаровска претседател на асоцијацијата „Хероини на туризмот“ / Утрински брифинг

ВИДЕО | Печалева Брдаровска: Преку туризмот да се подобри женското претприемништво

На 30-ти март во Скопје ќе се одржи прва конференција за женското претприемништво во туризмот.

Настанот е во организација на „Хероини во туризмот“, млада асоцијација кој ги поттикнува жените претприемачи, а нејзината цел е усовршување на туристичкиот сегмент, развој и поддршка на одржлив туризам, подобрување на статусот на жената во општеството преку туризмот како прогресивна индустриска гранка, едуцирање и поддржување на бизнисите предводени од жени преку теоретски и обуки на терен за развој на капацитетите и отворање на нови можности.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Ивана Печалева Брдаровска претседател на асоцијацијата „Хероини на туризмот“.

-Сакаме да ги поддржиме жените, жените хероини во денешниот свет, исто да ги поддржиме и нивните бизниси. Преку туристичкиот сектор да кажеме и докажеме дека навистина функционира. Целта ни е да се подобри статусот на жената во општеството, вели таа. -Целата мисија што ја имаме е поттикната од локалните искуства што веќе ги организираме.

-Туризмот е од големо значење. Денешниот турист не сака само да посетува цркви, манастири, џамии, денешниот турист бара нешто повеќе – бара кога кога ќе се врати дома да ја раскаже приказната како имале ручек, вечера во локална фамилија или пак отишле во некое резбарско атеље. Тоа е навистина доживување и со тие средби туристите можат да го почитуваат народот, да ја почуствуваат гостопримливоста, вели Печалева Брдаровска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот