ВИДЕО | Паскали: Ние сме една држава која стана депонија – Охридското езеро е во фаза на неповрат, Вардар стана индустриско течение

Ние сме една држава која што стана депонија. Моја област е заштита на водите, а највеќе сум насочен кон заштита на Охридското езеро. Единствена работа која може да не спаси од ова лудило со ѓубрето е тргање на пластиката за еднократна употреба од нашите животи. Користење на органски материјали, некористење на пластика, тоа е спасот. Со рециклирање на пластичните материјали се враќаме на истата проблематика значи повторно ќе се затрупуваме во отпад, изјави за Утрински брифинг Никола Паскали, археолог (подводна археологија) и истражувач.

Според него свеста кај луѓето е на многу ниско ниво.

-Мислат дека ако нешто фрлаат во вода и не го гледаат повеќе, дека тоа го нема. Тоа истото многу години ќе го девастира живиот свет на местото каде што се наоѓа. Ние повеќе од 10 години работиме на подигнување на свеста и подигнување на луѓето од својот комодитет и самите да си ја исчистиме државата, а не да чекаме некој друг да го стори тоа, вели Паскали.

Сведоци сме дека кога нашите граѓани кога одат во странство, каде што казните се многу високи, се однесуваат дисциплинирано, не фрлаат ни отпушоци, ни мастики, а во својата земја фрлаат бојлери, кревети…

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот