ВИДЕО | Партизан по скандал и прекин во вториот натпревар ја одбрани титулата во Србија
Партизан ја одбрани шампионската титула во Србија, но финалната серија против Војводина заврши во хаотична атмосфера и со сериозен инцидент.
Препорачано
Вториот натпревар од финалето беше прекинат по нешто повеќе од 14 минути игра, при резултат 6-5 за Војводина, откако навивачите на Партизан употребија пиротехнички средства.
Според информациите, топовски удар експлодирал во непосредна близина на теренот, со што била загрозена безбедноста на ракометарите и останатите присутни во салата. По инцидентот, двете екипи се повлекоа во соблекувалните, а полицијата интервенираше за да ја стави ситуацијата под контрола.
По околу дваесетина минути, ракометарите на Партизан се вратија на теренот, но играчите на Војводина одбија да го продолжат натпреварот. Поради тоа мечот не беше доигран, а по повеќе од еден час неизвесност, Партизан официјално беше прогласен за шампион.
Се очекува бурна реакција од таборот на Војводина по ваквите случувања. Партизан во првиот натпревар славеше победа со 33-27.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
35мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


