Панамските власти заплени 12 тони кокаин во Пацификот/Фото: Икс

ВИДЕО | Панамa: Рекордна заплена на 12 тони колумбиски кокаин во операција на Пацификот

Панамските власти вчера објавија дека заплениле 12 тони кокаин – рекордна количина во историјата на земјата – во операција спроведена во Тихиот Океан, пренесува Њузрум Панама.

Според обвинителот Хулио Виљареал, операцијата била спроведена во понеделник на брод што тргнал од Колумбија кон САД. Уапсени се десет члена на екипажот, меѓу кои Венецуелци, Еквадорци и Никарагванци.

Според властите, ова е најголемата заплена од 2007 година, кога беа запленети 19 тони кокаин во панамските води во Пацификот, кои минатата година објавија дека заплениле вкупно 124 тони дрога.

Панама е центар за трговија со кокаин од Јужна Америка, главно од соседна Колумбија, наменет за САД.

Во последните месеци, неколку латиноамерикански земји се обидоа да ги истакнат своите напори за борба против картелите, во време кога САД распоредија воена сила во регионот со наведена цел борба против трговијата со дрога.

Од почетокот на септември, американските сили започнаа воздушни напади во Карибите и Пацификот против бродови за кои се тврди дека им припаѓаат на трговци со дрога. До денес, Вашингтон ја презеде одговорноста за 20 напади во кои загинаа 76 лица, според агенцијата АФП врз основа на податоци од американската влада.

Венецуела ги обвинува САД дека ја користат борбата против нарко картелите како изговор за спроведување операција насочена кон соборување на претседателот Николас Мадуро и запленување на нафтените резерви на земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот