ВИДЕО | „Овде нешто ме стега“: Тијана низ солзи ја раскажа нејзината најтажна животна приказна
Тијана Дапчевиќ се расплака и ја раскажа една од нејзините најтажни животни приказни. Македонката, која долги години живее во Белград, е мајка на Вук и сопруга на Милан Дапчевиќ и е еднакво успешна во пеењето и во глумата.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Тијана раскажа која песна никогаш не може до крај да ја испее и се расплака додека ја пееше.
„Можеш да испееш сѐ, пееш твои песни, пееш песни од твои колеги, меѓутоа само една песна имаш еднаш испеано во живо“, ѝ рече Сергеј Варошлија во поткастот „Урок“, каде што гостуваше пејачката.
„Таа песна ја има напишано Војкан Борисављевиќ, кој за жал не е веќе меѓу нас. Пред некои шест или седум години правеше голем концерт со симфониски оркестар во Белград, Нови Сад и Ниш. И ми се јави и ми рече: ‘Само ти можеш да ја отпееш оваа песна и мораш да ја отпееш’. Му реков: ‘Немој, те молам, јас кога ја слушам мене не ми е добро, а не да ја пеам’. Едвај ја отпеав“, рече Тијана.
Пејачката се расплака кога дојде строфата што ја погодува и се обиде да ја испее, но од силни емоции не успеа да ја доврши.
„Се сеќавам на мојата мајка, тажна и во солзи“ е делот од рефренот кој Тијана го започна, а потоа рече: „Не можам, овде нешто ме стега. Тоа е мојата строфа. ‘Се сеќавам на мојата мајка, тажна и во солзи, и раката која ѝ затрепери пред да заминам во свет’. Тоа е мојата приказна. И покрај тоа што мене никој не ме терал да си одам од дома ниту сум имала некоја носталгија затоа што сум била 442 километри од дома и сум можела да дојдам кога сакам. Пак ти фали, пак ти фали дома, пак ти фали мама, Тамара , тато, другарките, фамилијата, вујко ми, вујна ми, децата“, рече Тијана.


