Барак и Мишел Обама - Фото: RONALD MARTINEZ / Getty images / Profimedia

ВИДЕО | Овации за семејството Обама: Најгледаниот момент на НБА вечерта

Барак и Мишел Обама во неделата, на 15 февруари, уживаа во заеднички излез на Ол-стар натпреварот, придружувани од нивната помлада ќерка Саша Обама.

Поранешниот претседателски пар беше фотографиран како седи веднаш покрај теренот во арената Интуит Дом (Intuit Dome) во Инглвуд, Калифорнија. Мишел сподели фотографија на Инстаграм на која таа, Барак и 24-годишната Саша насмеани позираат од своите места, за да го одбележи настанот: „Моите омилени соиграчи – и на теренот и надвор од него“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Obama (@michelleobama)

Мишел носеше едноставна црна јакна, со крената коса и шишки, додека нежно ја држеше раката на коленото на сопругот. Барак беше облечен во лежерна сина јакна, црн џемпер и сиви панталони. На други фотографии се гледа како Саша седи ред зад нив, додека тие беа сместени покрај кошаркарската легенда Џулиус Ервинг. Семејството видно уживаше во натпреварот и бодреше од трибините.

Еден од најзабележителните моменти беше кога Барак фати топка што леташе директно кон него и Мишел. Насмеан, тој веднаш ја врати кон играчот на Феник Санас (Phoenix Suns), Девин Букер, кој настапуваше за тимот „Stars“, и накратко размени неколку зборови со него.

Подоцна, семејството се појави и на видео-бимот во салата, по што станаа и им мавтаа на присутните, додека публиката ги поздрави со долг аплауз.

Во интервју за „Ен-би-си“ со аналитичарот Реџи Милер, Обама изјави дека му е драго што гледа како НБА-играчите даваат максимум на турнирот. Тој нагласи дека иако често има критики за недостиг на ангажман на Ол-стар натпреварот, овојпат било очигледно дека играчите вложуваат сериозен труд – особено кога се соочуваат американски и меѓународни тимови, бидејќи секој сака да го покаже најдоброто од себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот