ВИДЕО | Ова сцена Анѓела Јовановиќ одби да ја игра со Бранислав Лечиќ: Откриено и кој актер го заменил

Фото: Принтскрин/Фејсбук/Инстаграм

Српската актерка Анѓела Јовановиќ одби да глуми во серијата „Радио Милева“ во истата сцена со актерот Бранислав Лечиќ поради „непријатен настан од минатото“.

Како што дознава српски „Блиц“, Лечиќ требало да глуми човек кој е лажно обвинет за сексуално вознемирување, а бидејќи Анѓела Јовановиќ одбила да биде во ист кадар со него, продуцентите на популарната ТВ-серија нашле замена.

⁃ Анѓела глуми во серијата од почетокот и продукцијата го прифати нејзиното барање кога рече дека не сака Лечиќ да ѝ биде партнер – рекол извор за „Блиц“ запознаен со околностите на снимањето. Како што открива, Лечиќ бил заменет со еднакво популарниот актер Ирфан Менсур, а спорните сцени се веќе и снимени и емитувани.

Во продолжение погледнете ги ТУКА сцените во кои според првичниот план требало да глумат Анѓела Јовановиќ и Бранислав Лечиќ.

Да потсетиме, актерката Анѓела Јовановиќ за „Блиц“ потврди дека Лечиќ против неа поднел тужба за нарушување на честа и угледот.

– Да, точно е дека Бранислав Лечиќ ме тужеше на суд, бидејќи одбив да играм со него во серијата „Радио Милева“. Одбив да играм поради непријатен настан од минатото што го имав со него. Ниту сега ниту во иднина не сакам да бидам во ист кадар со тој човек, како поради тоа што го поминав, така и принципиелно поради она за што го обвинуваа моите колешки – накратко изјавила Анѓела Јовановиќ за „ Блиц“, не сакајќи да зборува за деталите на „непријатното искуство од минатото“, додека Лечиќ се огласи во јавноста набргу по зборовите на Анѓела.

Лечиќ во тужбата ја обвинува Анѓела Јовановиќ за нарушување на неговиот чест и углед и бара од неа да му исплати сума од 300.000 динари.

Млада српска актерка доби тужба од Бранислав Лечиќ: „Не сакам да сум во ист кадар со тој човек“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот