ВИДЕО: Ова ретко се случува, фудбалер на Чукарички во еден меч постигна два гола од корнер

фото: принтскрин/twitter.com/arenasport_tv

Фудбалерите на Чукарички го пречекаа Спартак од Суботица во 25 коло од српската Суперлига, а ќе останат запаметени потезите на Лука Аџиќ од овој натпревар.

Играчот на Чукарички успеа да постигне два гола од корнер, првиот во 29, а вториот во 51 минута од мечот.

При првиот гол за 1:0 голманот Вулиќ погрешно ја процени топката, на првата статива немаше никој, а топката заврши во мрежата.

Голот за 2:0 беше нешто поинаков, откако топката го прелета голманот на Спартак и сите останати играчи и заврши во мрежата.

Двата гола на Аџиќ од корнер можете да ги погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот