ВИДЕО Осумдневен притвор за анестезиологот кој снимаше пациентки на тетовска Гинекологија

анестезиолог, фото тв21

Судот синоќа му одреди осумдневен притвор на анестезиологот кој во живо емитуваше видео на социјалната мрежа ТикТок од пациентките на тетовска Гинекологија, објави ТВ 21.

Телевизијата објави видео од спроведувањето на анестезиологот пред судија на претходна постапка, каде двајца полицајци со лисици на рацете го внесоа во Судот.

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против анестезиологот В.Д. (43) за кривичните дела – Несовесно работење во службата , како и Неовластено снимање

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Тетово синоќа достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во координаицја со Лекарската комора веднаш побарал да се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата на анестезиологот од Тетовската болница кој во живо на Тик Ток снимаше пациентки и вработени во една од салите за гинекологија

 

ФОТО и ВИДЕО: ТВ 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот