Суспендиран тетовскиот анестезиологот, директорот на болницата го пријавил во полиција

фото: МИА

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити во координаицја со Лекарската комора веднаш побарал да се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата на анестезиологот од Тетовската болница кој во живо на Тик Ток снимаше пациентки и вработени во една од салите за гинекологија.

На денешната прес-конференција заедно со директорот на Клиничката болница во Тетово, д-р Плумб Вела, министерот изрази жалење што еден здравствен работник си дозволил да се однесува вака и оти во иднина ќе направат се  повторно да не се случи вакво нешто.

Ми се јави на телефон и началникот на СВР Тетово и ми кажа дека здравствениот работник е приведен и ние понатаму се ќе направиме вакви случаи да не се случат во иднина. Во координација сме со многу други институции и со лекарската комора и јас барав веднаш да му се прекине работниот однос и да се одземе лиценцата за работа на овој доктор, изјави министерот Меџити.

Директорот на Клиничка болница, Вела исто така изрази жалење за настанот и појасни дека лично го пријавил случајот во полиција откако разбрал за објавената снимка.

-Тоа се случило на одделението за киретажа каде тој работел како анестезиолог. Додека вчера јас бев во Скопје видеото ми го прати еден новинар. Штом го видов видеото веднаш дојдов во Тетово и јас лично, како директор на болницата, случајот го пријавив во полицијата, бидејќи станува збор за сериозна работа. За случајот бевме во постојана комуникација со Министерството и министерот, кажа Вела.

На социјалните мрежи вчера се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на Гинекологија во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ21.

Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.

Портпаролот на Секторот за внатрешни работи во Тетово, Фатмир Реџепи во изјава за медиумите вели дека анестезиологот е осомничен за непочитување на професијата и неовластено снимање и тој е приведен.

„Обвинителството дополнително ќе треба да одлучи за постапката против 43-годишниот анестезиолог В.Д од тетовската болница, кој „во живо“ на Тик Ток прикажуваше пациентки. Се зависи од нив. Значи, што се однесува до овие две кривични дела, односно непостапување непочитување на професијата и неовластено снимање, се зависи од штетата што може да ја нанесе видеото што е објавено, а и обвинителот дополнително ќе изрече мерка“, изјави портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.

Тетовската болница се соочува со низа проблеми во работењето од технички, а по се изгледа и од професионален аспект. Болницата се соочува со недостиг на секаков вид на медицински кадар како и дотраени и нефункционални апарати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот