Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ВИДЕО | Орце со порака до Амар: Загреј го столчето и заврши факултет!

Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, му упати порака на својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, по завршувањето на вториот круг од локалните избори.

„Амар е поразен, жестоко поразен, му порачувам да го загрее столчето и да го заврши факултетот. Човек кој ја лажеше цела македонска јавност дека е дете на стечајци и дека има завршено факултат, можете да замислите што е спремен да направи ако му дадете поголема власт“, изјави Ѓорѓиевски веднаш по објавувањето на првичните резултати кои ја потврдија неговата победа.

Со оваа изјава, Ѓорѓиевски реагираше на резултатите од изборите во кои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ја обезбеди функцијата градоначалник на главниот град, додека младиот Мециновиќ, кој настапи како кандидат на Левица, освои значителен број гласови, но недоволни за победа.

По изборната ноќ, во штабот на ВМРО-ДПМНЕ владееше славеничка атмосфера со присуство на голем број симпатизери и членови на партијата. Ѓорѓиевски се заблагодари на сите граѓани кои, како што рече, „го избраа патот на промени и развој за Скопје“.

ВИДЕО | Дел од скопските градоначалници на „бакнирака“ кај Орце

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот