ВИДЕО | Дел од скопските градоначалници на „бакнирака“ кај Орце
Пред штабот веќе е поставена голема бина, а стотици поддржувачи со знамиња и факели го поздравија доаѓањето на Ѓорѓиевски, додека низ звучниците се слушаа патриотски песни. Меѓу присутните има и дел од новоизбраните градоначалници од другите општини, пратеници и членови на раководството на партијата.
Дел од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои уште во првиот круг ја обезбедија својата победа, вечерва пристигнаа во главниот партиски штаб во центарот на Скопје за да му дадат поддршка на извесниот победник Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје.
Препорачано
Пред штабот веќе е поставена голема бина, а стотици поддржувачи со знамиња и факели го поздравија доаѓањето на Ѓорѓиевски, додека низ звучниците се слушаа патриотски песни. Меѓу присутните има и дел од новоизбраните градоначалници од другите општини, пратеници и членови на раководството на партијата.
Атмосферата е славеничка, со скандирања „Орце, Орце“ и „Победа!“, а дел од симпатизерите веќе го означуваат почетокот на славјето со тапани. Полицијата има засилено присуство околу штабот, но според првичните информации нема забележани инциденти.
Според извори од штабот, се очекува Ѓорѓиевски да се обрати пред насобраниот народ подоцна во текот на вечерта, откако ќе се потврдат последните резултати од Државната изборна комисија.


