ВИДЕО: Општа тепачка меѓу ракометарки во Украина, судијата се фаќаше за глава!

Фото: принтскрин/youtube

Во дербито на врвот на табелата во украинската женска ракометна лига дојде до непријатни сцени.

На натпреварот помеѓу второпласираниот Дњепарк Херсон и третопласираниот Реал Николаев дојде до општ метеж на крајот од мечот.

При резултат 27:24 беше фаулиран пивотменот на гостинскиот тим кој одговори со удар по што веднаш дојде до физичка пресметка.

Следуваше голема тепачка со многу удари во која учествуваа голем број на ракометарки.

Еден од судиите се обиде прво да го спречи инцидентот кој следуваше, но неуспешно, веднаш се повлече, не можеше да поверува што се случува и се фати за глава во еден момент. Сигурно имаа доста работа арбитрите со доделувањето на црвените картони, исклучувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот