ВИДЕО | Општа тепачка и 23 црвени картони на фудбалски натпревар во Бразил
Фудбалерите на Крузеиро и Атлетико Минеиро беа протагонисти на масовна тепачка во рамките на плејофот на бразилската лига.
Препорачано
Инцидентот избувна 30 секунди пред крајот на натпреварот по дуел во шеснаесетникот, што предизвика жестока реакција од играчите од двата тима. Судирот брзо ескалираше во масовна тепачка во која учествуваа бројни играчи, а ситуацијата ескалираше до физички судири.
Поради хаосот на теренот, натпреварот беше прекинат повеќе од 10 минути, додека обезбедувањето и полицијата се обидуваа да ја смират ситуацијата и да ги разделат играчите.
На крајот, главниот судија на мечот покажа дури 23 црвени картони, најголем број во историјата на бразилскиот фудбал.
Картоните најчесто им беа доделени на играчи од клупите на двата тима, како и на членови на стручните штабови кои се вклучија во немирите.
Еден од оние кои најлошо поминаа беше голманот на Атлетико Минеиро, Еверсон, со сериозна повреда на челото.
На крајот, резултатот остана непроменет, со победа на Крузеиро од 1:0.
8 Mart 2026’da oynanan Campeonato Mineiro finalinde Cruzeiro – Atlético-MG (1-0). Maç biterken Everson ile Christian arasında başlayan büyük kavga çıktı, yedekler bile sahaya girdi büyük olaylar çıktı
— İzafiyet (@Statikoo) March 9, 2026


