Воз во станица. / Фото: Richard B. Levine / Avalon / Profimedia

ВИДЕО: Онесвестен човек бил тргнат од пруга миг пред да помине возот

Полицијата од Њујорк објави снимка од херојски потфат на еден полицаец кој скокнал на шините од метрото во Бронкс за да спаси 60-годишен маж.

На човекот му се слошило и паднал на шините миг пред возот да влезе во станицата. Веднаш потоа еден граѓанин му помогнал на полицаецот да извлечат човекот.

Откако го извлекле човекот, патниците на перонот почнале да им аплаудираат, а во позадина се гледа како возот доаѓа.

-Само го направивме она што требаше. Вршевме стандардна инспекција на станицата во вистинско време на вистинско место, рече полицаецот херој Ладин Лопез. – Тоа ми е работа, додаде Лопез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот