ВИДЕО | Оливија Родриго ја удриле среде концерт: Пејачката не го прифатила цвеќето од обожавател

Оливија Родриго / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Поп-ѕвездата Оливија Родриго беше погодена во глава со букет цвеќе за време на нејзиниот концерт во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк.

Во виралното видео, може да се види како пејачката ги поздравува возбудените обожаватели во салата. Во еден момент, еден од присутните на концертот се обидел да ѝ подаде букет, но кога Родриго не го зела, го фрлил удирајќи ја во задниот дел од главата. Пејачката се повлекла кога тој ја удрил, по што таа отишла да се поздрави со другите обожаватели.

Во коментарите на социјалните мрежи, многумина го оценија тоа многу грубо и неприфатливо и предупредија дека пејачката можела да биде сериозно повредена.

„Се надевам дека Оливија е добро после ваков груб гест. Каков недостаток на почит“; „Некои од овие родители не ги воспитале добро децата“; „Концертната етика исчезна“, беа само дел од коментарите.

Ова не е првпат познат изведувач да биде нападнат за време на концерт од предмет фрлен од превозбуден обожавател. Бебе Реџа минатата година беше удрена со мобилен телефон во лицето од обожавателка, по што од болки падна на бината, а подоцна покажа модринка под окото која ја доби од ударот. Исто така, Хари Стајлс беше погоден во окото од предмет фрлен од обожавател за време на неговиот концерт во Виена.

ВИДЕО | Хари Стајлс погоден во око за време на настап во Виена: Уште една жртва на бизарниот тренд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот