ВИДЕО | Оклахома го совлада Сан Антонио за 2:1 во финалето на Западот
Кошаркарите на Оклахома го победија Сан Антонио (123:108) на гостински терен и поведоа со 2:1 во во финалето на Западната конференција во НБА лигата.
Препорачано
Спарс го започнаа натпреварот со серија од 15:0, но бранителот на титулата го сврти натпреварот на почетокот на втората четвртина и го задржа тоа водство до полувремето.
Предноста достигна двоцифрен број поени во третата четвртина, а победата на крајот беше убедлива.
Оклахома играше без Џејлен Вилијамс, но клупата даде голем придонес, постигнувајќи 76 поени.
Шеј Гилџес-Александер, кој ја заврши првата четвртина без поени, имаше учинок од 26 поени и 12 асистенции.
Џаред Мекејн додаде 24 поени и четири скокови, Џејлен Вилијамс 18 поени и пет скокови, а Алекс Карусо имаше 15 поени.
Виктор Вембањама го предводеше Сан Антонио со 26 поени, четири скокови, три асистенции и две блокади. Девин Васел реализираше 20 поени и седум скокови, Дирон Фокс 15 поени, седум скокови и шест асистенции, а Стефон Касл 14 поени, седум асистенции и пет скокови.
Четвртиот натпревар е во Тексас, во понеделник (02.00 часот).
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
7мин
-
7мин
-
11мин
-
13мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


