ВИДЕО: Оклахома го прегази Портланд со 62 коша разлика, Ирвинг броеше до 44 против Њујорк

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Се одиграа четири нови натпревари во НБА лигата, кошаркарите на Оклахома на домшен терен убедливо со 62 коша разлика го декласираше Портланд (139:77).

Тоа е петта најубедлива победа во историјата на НБА, во која Шеј Гилџес Александер реализираше 31 поен. На спротивната страна се истакнаа Анферни Симонс со 14 и Скот Хендерсон со 13 поени.

Оклахома е на првото место во Западната конференција со 26 поени и 11 порази, додека Портланд е на 14 место (10-27).

Екипата на Далас со 128:124 триумфираше над Њујорк, во редовите на Маверикси не беше Лука Дончиќ поради повреда, но затоа тука беше Кајри Ирвинг кој блескаше со 44 поени (10 асистенции), следен од Тим Хардавеј со 32 поени.

За Никси доминираше Џулиус Рендл со 32 поени, два помалку запиша Џејлен Брансон. Далас е моментно седмопласиран на Западот (23-16), додека Њујорк е на шестата позиција (22-16).

НБА лига, резултати

Милвоки – Бостон 135:102
Оклахома – Портланд 139:77
Далас – Њујорк 128:124
ЛА Лејкерс – Феникс 109:127

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот