ВИДЕО: Оклахома го прегази Феникс со „+49“, Дончиќ и Леброн елиминирани од НБА купот
Оклахома сити тандер и Сан антонио спарс обезбедија место во полуфиналето на НБА Купот, откако славеа над Феникс санс и Лос Анџелес лејкерс.
Препорачано
Тандер, моментално најдобриот тим во лигата, рутински ја заврши работата против Феникс со убедливи 138-89, доминирајќи од првата до последната минута и остварувајќи разлика и до +53. Тимот стигна до својата 16. победа по ред, а уште една блескава вечер имаше Шеј Гилџес-Александер со 28 поени и осум асистенции, додека Чет Холмгрен придонесе со 24 поени и осум скока. Кај Санс, најпрецизен беше Дилон Брукс со 16 поени.
Во вториот четвртфинален дуел, Сан Антонио Спарс беше подобар од Лејкерс со 132-119. Стефон Касл ја предводеше екипата со 30 поени, од кои дури 21 во второто полувреме, а Диерон Фокс додаде уште 20.
Кај Лејкерс се истакна Лука Дончиќ со 35 поени, додека Леброн Џејмс запиша 19 поени, 15 скока и осум асистенции. Иако без повредениот Виктор Вембанјама, кој го пропушти својот 12-ти меч, Спарс одиграа одличен натпревар. Лејкерс, инаку победници на првиот НБА Куп во 2023 година, доживеаја само трет пораз во последните 12 настапи.
Завршницата на турнирот продолжува во Лас Вегас, каде Оклахома ќе се соочи со Спарс, а Орландо Меџик ќе игра против Њујорк Никс. Финалниот меч е закажан за вторник.
Преземено од: Спорт.ком.мк


