ВИДЕО | Новите снимки го разоткриваат Мајкл Џексон и неговиот морничав однос со децата: „Понекогаш се заљубуваат во мене“
Во новата ТВ-документарна серија „Судењето“ (The Trial) ќе бидат прикажани досега необјавени аудиоснимки во кои Мајкл Џексон ги изнесува своите најинтимни размислувања за децата. Станува збор за видеа обезбедени од британската продукциска куќа „Wonderhood Studios“ за серијата „Судењето“, која ќе се емитува во среда, на 4 февруари, на „Канал 4“, пренесува „Сан“.
Препорачано
Во нив, поп-ѕвездата отворено зборува за својата опсесија со децата.
Во еден момент, Џексон признава дека ако не би можел да биде во близина на деца, би размислувал и за самоубиство:
„Ако сега ми кажат: ’Мајкл, никогаш повеќе нема да можеш да видиш дете‘, јас би се убил“, се наведува во снимката.
Тој исто така признава:
„Децата се заљубуваат во мојата личност. Понекогаш тоа ми создава проблеми“.
Видеата нудат нов увид во неговиот однос со момчето Гевин Арвизо, кој подоцна, во судскиот процес во 2005 година, го обвини Џексон за сексуално злоупотребување. Во необјавени кадри се прикажува како Џексон, делел кревет со деца и одел на пикници на имотот Неверленд, како што и самиот призна.
Џексон беше ослободен од сите 14 обвиненија, меѓу кои четири точки за злоупотребување дете, четири точки за давање алкохол на дете со цел можна злоупотреба, како и обвиненија за наводна завера во која, според тврдењата, го држел момчето и неговото семејство во изолација на својот ранч во Калифорнија.
Еден извор кој ги слушнал снимките изјавил:
„Има нешто исклучително необично и морничаво во фасцинацијата на Џексон со деца, особено со оние што не се негови. Да се слуша неговиот глас како зборува за тоа, имајќи ги предвид обвинувањата за злоупотребување, отвора многу прашања за неговата психичка состојба, начинот на размислување и, за жал, намерите“.

Изворот додава дека снимките го прикажуваат Џексон во неговата најотворена верзија, додека зборува за својата приврзаност кон децата и за тоа како тие често стануваат емоционално врзани за него.
„Тој не гледа ништо проблематично во тоа да носи деца во својот дом или во својот кревет без надзор од родители, оправдувајќи го тоа со тврдењето дека е само пријател кој сака да помогне. Исто така, Џексон истакнувал дека многу разгалени момчиња и девојчиња се заљубени во него“, вели изворот.
Снимките го прикажуваат и неговиот однос со Гевин додека момчето боледувало од рак. Џексон зборувал дека му кажувал оти изгледа како ангел и дека никогаш не губел надеж во неговото оздравување, иако некои лекари сметале дека состојбата е терминална.
Извршниот продуцент на серијата, Том Енстис, изјави:
„Овие необјавени аудиоснимки нудат редок увид во психата и душата на Џексон. Тие носат ново разбирање за тоа кој навистина бил Мајкл Џексон, за што размислувал и кои клучни моменти го обликувале неговиот живот. Снимките се емоционално сурови и искрени и во одредени моменти може да се слушне како Мајкл е на работ на солзи“.


