Греабеж во Лувр/Фото: AlexMastro / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Нова снимка го покажува бегството на крадците од музејот Лувр

Видео кое кружи на социјалните мрежи во последните часови, а кое го објави „Ле Паризиен“, напоменувајќи дека успеале да ја потврдат неговата автентичност, ги прикажува двајцата крадци како се спуштаат од Лувр со кран откако го украле накитот вреден 88 милиони евра, а потоа си заминуваат, качени на мотор.

На видеото, кое трае околу триесет секунди, се гледа како двајцата крадци излегуваат од прозорецот низ кој влегле околу четири минути претходно, за да стигнат до галеријата Аполон.

Досега не е можно со сигурност да се утврди каде и кој го снимил видеото.

Како што може да се види, едниот од сторителите носи флуоресцентен елек, а другиот кацига за мотоцикл, додека нивната облека е црна. Нешто што привлекува внимание е тоа што двајцата криминалци изгледаат многу смирено. „Момците се на скутери“, се слуша на нешто што личи на токи – воки. „Заминуваат, заминуваат… Е*и ме, полицијата е тука“, продолжува глас, веројатно на лицето што го снима видеото.

Неколку секунди откако ќе заминат, тие се обидуваат да го запалат кранот, но не успеваат. Оваа акција е тешко да се забележи на сликите објавени на социјалните мрежи. Неколку секунди подоцна, крадците повторно се појавуваат во видеото на скутер. Видеото запира во овој момент. „Заминуваат“, вели машки глас.

Крадците не биле „откриени на време“

Директорката на Лувр, Лоренс де Каре, кога реферираше во Комитетот за култура на Сенатот, признала слабости во системот за надворешен надзор на големиот париски музеј.

„Безбедносниот систем, како што работи денес во салата Аполон, работел беспрекорно“, вклучувајќи ги и сите аларми, уверила де Каре.

Сепак, таа призна дека системот за видео надзор надвор од огромната палата е „многу несоодветен“, наведувајќи „слабост во заштитата на периметарската област“:

„Не го детектиравме доаѓањето на крадците на време“.

„Постојат некои периметарски камери, но тие се стари (…), нивниот број е многу недоволен, не ги покриваат сите фасади на Лувр, а за жал од страната на салата Аполон“, каде што се случила кражбата, „единствената камера е свртена кон запад и затоа не го покривала балконот погоден од пробивот“, рече таа.

Криминалците влегле во музејот преку кран поставен на јавниот пат и со кружна пила исекле стаклена врата-прозорец, ги искршиле витрините со скапоцените камења и сето тоа за неколку минути, пред да исчезнат со осум национални богатства.

Лувр ги отвори вратите три дена по филмскиот грабеж

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот