ВИДЕО: Нов пораз на ТФТ Скопје во АБА 2 лигата

Момент од натпреварот ТФТ Скопје - Сутјеска/фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Денеска македонскиот кошаркарски клуб ТФТ Скопје претрпе пораз на турнирот во Широки во рамките од АБА 2 лигата. Нашиот претставник загуби од црногорската Сутјеска со резултат 74:60.

Првите 10 минути од натпреварот беа најизрамнети во кои двата ривали постигнаа по 17 поени.

Втората четвртина се покажа како кобна за играчите на тренерот Боро Смилковски во која реализираа само седум поени, а противникот даде 20 двоцифрена предност на паузата (37:24).

Кошаркарите од Тафталиџе на стартот од третата четвртина само се доближија до 39:29, но Црногорците направија нова серија од 12:0 за високи „плус 22“ на семафорот (51:29).

Сутјеска ја одржуваше позитивата, а во текот на последната четвртина стигна и до „плус 24“ (72:48).

Во редовите на ТФТ Верц реализираше 19 поени поени (осум скокови, пет асистенции), 12 поени имаше младиот Крстевски (реализираше три тројки во последната четвртина), а двоен број на поени – 11, запиша и Ифеје.

На табелата ТФТ Скопје е на последната 14 позиција со седум бодови, додека Сутјеска е на петтата позиција со девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот