ВИДЕО| Нов обид на НАСА да ја лансира Артемис на Месечината, се очекуваат 400.000 посетители
Американската вселенска агенција НАСА ќе се обиде уште еднаш, со поволни временски прогнози и откако ќе се решат техничките потешкотии, во наредните часови да ја лансира својата најмоќна ракета досега, „Систем за вселенско лансирање“ на Месечината. (“Spejs lonč sistem”).
Препорачано
Подигнувањето на беспилотната мисија Artemis I е закажано за 14:17 часот по локално време од вселенскиот центар Кенеди на Флорида, со можност за одложување и до два часа доколку е потребно, јавува Би-Би-Си.
Целта на леталото висок 100 метри ќе биде да фрли капсула во правец на Месечината, нешто што не се случило од крајот на проектот Аполо во 1972 година.
Доколку мисијата продолжи денес, капсулата Орион фиксирана на врвот на ракетата ќе помине 37 дена во вселената, орбитирајќи околу Месечината од оддалеченост од речиси 100 километри.

„Артемис I“ е пробен лет без екипаж во вселената, но ако мисијата оди според планот, тогаш „Артемида II“, која се очекува да биде лансирана во 2024 година, речиси сигурно ќе биде со човечки екипаж.
НАСА пред 5 дена официјално го откажа планирано лансирање на Артемис 1 поради проблем со „кондиционирањето“ на еден од четирите мотори на главната сцена на ракетата.
Тогаш инжинерите на НАСА изјавија дека Моторот „не ја добил потребната температура со висока прецизност за ефектност на мисијата


